Алкалоид загуби од норвешка Валеренга во претпоследното коло на Европскиот куп

Шахистите на Алкалоид загубија од норвешка Валеренга во претпоследното, 6. коло на Европскиот куп на шампионите кој се одржува во Порто Карас, Грција.

По вчерашното реми (3-3) со Падова, овој пат „фармацевтите“ загубија со 2,5-3,5 од Валеренга во чии редови на првата табла настапи светскиот шампион Магнус Карлсен (2839) кој ремизираше со Лирен Динг (2804). Единствениот пораз кај Алкалоид го доживеа Димитри Андрејкин на третата табла.

По овој пораз Алкалоид, пред утрешното последно коло е на 7. место на табелата со 9 бода. На врвот е Валеренга со 11 бода, пред Падова, Нови Бор, Санкт Петербург и Молодежка кои имаат по 10 бода.

Шахистите на Гамбит, пак, стигнаа до триумф против израелски Реховот од 3,5-2,5.

Гамбит пред утрешното последно коло има 8 бода и е на одличното 13. место во конкуренција на 61 европска екипа.

Се вчитува...