Алкантара на чекор до ПСЖ: Французите плаќаат 30 милиони евра

Тијаго Алкантара е на чекор од трансфер во редовите на францускиот шампион ПСЖ. Французите се подготвени да му платат 30 милиони евра на Баерн Минхен како би ги добиле услугите на фудбалерот од средниот ред кој е во последната година од договорот со германскиот шампион.

Оваа сума ги задоволува барањата на баварскиот гигант, со оглед на фактот дека Тијаго има само уште една година од актуелниот договор со Баерн. Германските медиуми пренесуваат дека деновиве се очекува и официјалната потврда за трансферот на Алкантара во ПСЖ.

Шпанскиот плејмејкер долго време е поврзуван со Ливерпул, но „црвените“ се уште немаат испратено официјална понуда за да го доведат Алкантара на „Енфилд“.

Се вчитува...