Еден од најдобрите тенисери на денешницата Карлос Алкараз без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на првиот АТП мастерс 1000 турнир кој се игра во Индијан Велс.
Алкараз синоќа во „пустината“ со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4 славеше над Канаѓанецот, Денис Шаповалов. Во осминафиналето Шпанецот за противник ќе го има бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Кај дамите без проблеми во осминафиналето се пласираше првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, која славеше над Италијанката, Луција Бронзети со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА