Алкараз: Да си бидеме реални, рекордите на Ѓоковиќ се тешко достижни

Карлос Алкараз е добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Го привлече вниманието со појавувањето на церемонијата во Мадрид и со лонгето на десната рака.

Тоа е проблем кој воопшто не е наивен, поради кој ги пропушти домашните турнири во Барселона и Мадрид, а самиот Ролан Гарос во Париз е под знак прашалник.

„Морам да бидам трпелив. Има долги денови без тренинг, но морам да бидам и позитивен. Сè уште зависи од тестовите во наредните денови“, рече Алкараз.

Сепак, тој е свесен дека сè уште има многу години врвен тенис пред себе, бидејќи има само 21 година. Затоа, испрати порака дека неговото најдобро допрва доаѓа.

„Сè уште не сте ја виделе мојата најдобра верзија. Тоа ќе се случи само за неколку години, сè уште имам многу да дадам. Сè уште сум премногу млад за да мислам дека го достигнав мојот максимален потенцијал. Сè уште имам многу да учам и да се подобрувам во сите аспекти. Најдобриот Алкараз ќе го видите за неколку години.“

И дали тоа значи дека би можел да го достигне рекордот на Новак Ѓоковиќ за бројот на освоени Грендслем титули – 24?

„Очекувам мојата кариера да биде долга, ќе направам сè што е во моја моќ за да постигнам што е можно повеќе. Рекордот на Ѓоковиќ? Немам намера да си поставувам граници, но да бидеме реални, тие 24 Грендслем трофеи се многу далеку за мене“.

Дури и сега, а и во годините што доаѓаат, неговиот најголем ривал е Јаник Синер.

„Според мене, Јаник и јас имаме добар однос и дека тој е многу почитуван во Шпанија, како што сум јас во Италија. Важно ми е да се почитуваме и да се восхитуваме еден на друг. Можам да гарантирам дека благодарение на него сум многу подобар тенисер. Ривалството со него ме тера да давам се од себе на секој тренинг. Поради него, го изострувам секој удар“.

Се вчитува...