Карлос Алкараз и неговите фанови имаат причина за загриженост откако шпанскиот тенисер објави дека повредата што го мачи дефинитивно не е наивна.
Карлос во текот на вчерашниот ден беше забележан со ортоза на раката при доделувањето на наградите „Лауреус“, уште еден доказ за сериозноста на проблемот, а светскиот рекет број 2 обелодени дека по откажувањето на турнирот во Барселона, крајно неизвесно е дали ќе може да се појави на својот омилен гранслем турнир, Ролан Гарос во Париз.
„Ситуацијата не е едноставна. Следните тестови и детални прегледи ќе бидат клучни. Ќе сториме се што можеме за резултатите да бидат добри, но во моментов е најважно да се биде трпелив. Тестовите ќе бидат за неколку дена, тогаш точно ќе знаеме колку ќе морам да паузирам и дали ќе можам да играм на Ролан Гарос. Се обидувам да останам позитивен, иако овие денови ми се чинат многу подолги од оние обичните. Секако дека сакам да играм во Париз, но не и доколку тоа значи опасност по моето долгорочно здравје. Останува да ги почекаме прегледите“, истакна Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
