Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше во осминафиналето на турнирот во Барселона победувајќи го Ото Виртанен.
Во првиот натпревар по финалето во Монте Карло против Јаник Синер, одигран пред само два дена, Алкараз не покажа дека сè уште му е умот во тој натпревар, кој го загуби.
Иако беше малку турбулентен во првиот сет, мечот заврши со победа од 2-0 за Шпанецот по помалку од еден и пол час тенис – 6-4, 6-2.
Виртанен, моментално 130-от тенисер во светот, се држеше добро во првиот сет, имаше дури четири брејк топки (од кои едната беше 0-40), но на крајот не му одзеде сервис на ривалот.
Through in two ✌️@carlosalcaraz begins his quest for a third Barcelona title with a 6-4 6-2 win over Virtanen!#BCNOpenBS pic.twitter.com/GL1fYuaPFR
— Tennis TV (@TennisTV) April 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

