Алкараз: Го променив мислењето, имам уште многу да учам

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, по поразот од Данил Медведев во полуфиналето на УС Опен, вели дека ќе мора уште многу да учи како би бил подготвен за големи мечеви како овој утрово во Њујорк.

Алкараз, кој е двократен грандслем победник, е позрел тениски но очигледно не се уште доволно.

„Мислев по онаа победа на Вимблдон дека сум поинаков играч сега, вистински зрел на терен. Мислев дека сум подобар во тоа да пронајдам решенија кога мечот не оди по посакуваната насока. Но, после овој меч го променив мислењето. Не сум доволно зрел да се носам со такви ситуации во вакви мечеви. Морам уште да учам“ – вели Алкараз.

Шпанецот вели дека нема многу да тагува по овој пораз.

„Веројатно денови, најмногу недела. Мислам дека нема многу да размислувам за овој пораз. Морам нешто да научам од ова. Сакам да бидам подобар, и вакви натпревари сигурно помагаат во тоа. Медведев беше навистина добар, и знам дека не чекаат уште многу вакви натпревари“ – вели шпанскиот тенисер.

Се вчитува...