Алкараз: Ѓоковиќ е мојата инспирација

Феноменалниот Карлос Алкараз го детронизираше Новак Ѓоковиќ кој десет години немаше пораз на „Централниот терен“ на Вимблдон, откако во финалето во крајно интересен натпревар славеше со 3-2, по сетови 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4.

По мечот Карлитос изјави дека е горд на себе, но и дека Ѓоковиќ е негова инспирација.

„Ми се оствари сонот. Прекрасно е да се освои овој турнир. Горд сум на себе и мојот тим. Морам да му честитам на Ѓоковиќ. Неверојатно е да се игра против него. Тој е беше инспирација. Почнав да играм тенис поради него“, изјави Алкараз.

Се вчитува...