Алкараз: Горд сум на еден ваков меч…, се надевам дека со Синер сме инспирација за многу деца!

Спектакуларно финале на Ролан Гарос, се чини и најдоброто во историјата на овој грандслем турнир, во кое Шпанецот Карлос Алкараз го одбрани трофејот освоен минатата година!

Во неверојатен финален меч кој траеше 5 часа и 30 минути, што е и најдолго финале во историјата на Ролан Гарос, Алкараз триумфураше против Италијанецот Јаник Синер, во пет сета, со 4-6, 6-7(4), 6-4, 7-6(3), 7-6 (10-2) и тоа по неверојатен пресврт и покрај тоа што Јаник Синер во четвртиот сет имаше и три меч топки.

Алкараз по добиениот трофеј истакна дека се надева дека заедно со Синер се вистинска инспирација за многу млади деца.

„Би сакал да почнам со Јаник, кој е неверојатен играч и му честитам за неговите неверојатни игри во текот на овие две недели, бидејќи знам колку е тешко да се игра на ова ниво. На овој или на кој било друг турнир. Нема сомнение дека ќе биде шампион уште многу пати секогаш издвојувајќи се како фаворит кој веќе пишувате историја. Многу сум среќен што одиграв натпревар со Синер и што сме инспирација за децата и другите што го гледаа натпреварот, а сето ова ми значи многу и за тоа сум благодарен. Огромна благодарност до моето семејство, привилегија е да поминам низ сите овие работи. Среќен сум што толку многу луѓе дојдоа да ме бодрат. Неверојатно сум благодарен на организаторите кои го овозможија сето ова, и така е секоја година, а и на Амели Морезмо, на крајот, Париз… Вашата поддршка е важна и не можам доволно да ви се заблагодарам за сè. Секогаш ќе бидете во моето срце. Се гледаме следната година“ – рече Алкараз.

Се вчитува...