Алкараз: Готово е, шансите да бидам број еден во светот се нула

Карлос Аллараз беше елиминиран во второто коло на Мастерстот во Париз од страна на Русинот Роман Сафјулин, кој славеше со 6-3 и 6-4. Со тоа големиот шпански тениски талент ја загуби и шанста да ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.

За тоа да се случеше Алкараз мораше да слави во главниот град на Франција и да се надева дека Новак Ѓоковиќ нема да стигне до финалето, но сега сите шанси се пропаднати, нешто со што младиот тенисер не може да се помири.

„Готово е. Сите шанси кои ги имав за да завршам како број еден на крајот на години исчезнаа. Немам што да мислам повеќе на тоа. Шансите се нула. Потфрлив кога беше најпотребно, но тоа ќе биде поука за иднината“, изјави Алкараз по елиминацијата.

Се вчитува...