Алкараз и Руне последни четвртфиналисти на Вимблдон

Данскиот тенисер Холгер Руне и Шпанецот Карлос Алкараз се пласираа меѓу најдобрите осум тенисери на овогодинешното издание на Вимблдон откако во осминафиналето славеа против Григор Димитров, односно Матео Беретини со идентични 3-1 и воедно закажаа меѓусебен натпревар за полуфинале.

Интересно и Данецот и Шпанецот го загубија првиот сет со идентични 6-3, но славеа во следните три со што им се приклучија на Ѓоковиќ, Рубљев, Медведев, Јубенкс, Синер и Сафиулин.

Се вчитува...