„Алкараз и Синер би го победиле Надал без проблеми на Ролан Гарос“

Во неверојатен финален меч кој траеше 5 часа и 30 минути, што е и најдолго финале во историјата на Ролан Гарос, Алкараз триумфураше против Италијанецот Јаник Синер, во пет сета, со 4-6, 6-7(4), 6-4, 7-6(3), 7-6 (10-2) и тоа по неверојатен пресврт и покрај тоа што Јаник Синер во четвртиот сет имаше и три меч топки.

Двајцата тенисери одиграа неверојатен меч, а легендарниот Џон Мекинро вели дека со ваква игра и Алкараз и Синер без проблеми би го добиле и Рафаел Надал од неговите најдобри денови.

„Знам дека сум луд што го кажувам ова, но верувам дека Карлос Алкараз и Јаник Синер, со таквата игра што ја одиграа во финалето, ќе беа фаворити против Рафаел Надал во неговите најдобри денови!“, изјави Мекинро. 

Се вчитува...