Карлос Алкараз е добитник на овогодинешната награда „Штефан Едберг“ што АТП традиционално ја доделува за ферплеј, професионализам и интегритет, на тениските терени и надвор од нив.
Во гласањето учествуваат тенисерите од АТП-тур, а Алкараз доби најмногу гласови и стана четврти Шпанец што се закитил со ова признание, по Хозе Хигуерас, Алекс Коретја и Рафаел Надал.
„Многу сум горд што ја добивам оваа нагрда за фер-плеј, особено поради фактот дека изборот го вршат моите колеги тенисери. Тоа многу му значи и од срце ви благодарам“, изјави Алкараз.
Звучи неверојатно, но Новак Ѓоковиќ никогаш во кариерата го нема добиено ова признание. Оваа година најдобриот светски тенисер воопшто и не беше номиниран, па во конкуренција покрај победникот Алкараз еа уште Димитров, Синер и Хуркач.
Наградата „Штефан Едберг“ се доделува од 1997 година, а апсолутен рекордер е Роџер Федерер, кој ја освојуваше 13 пати, пред Надал со пет. Лани ова признание заврши во рацете на Каспер Руд од Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА