Алкараз ја расплака Италија за титула во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до титулата на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во главниот град на Италија, Рим.

Алкараз во финалето славеше против првиот рекет во светот и миленик на домашната публика, Јаник Синер со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-1.

Ова за Шпанецот е прв трофеј на турнирот во вечниот град и одлична увертира пред настапот на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

 

Се вчитува...