Алкараз како „брз-воз“ против Медведев до финале со Ѓоковиќ

Карлос Алкараз е вториот финалист на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон откако одигра феноменален меч на „Централниот терен“ во „Ол-ингланд“ клубот.

Првиот тенисер во светот во вториот полуфинален меч славеше против Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-3 и 6-3.

Во финалето кое ќе се игра во недела Алкараз ќе го предизвика актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ, а покрај титулата во машка конкуренција на Вимблдон, влогот во овој меч ќе биде и првото место на АТП листата.

Се вчитува...