Новак Ѓоковиќ неодамна изјави „дека Карлос Алкараз го земал најдоброто од големата тројка, дека ги комбинирал доблестите на Роџер Федерер, Рафаел Надал и самиот Ѓоковиќ“.
Сепак, Шпанецот не се согласува со таа констатација на Србинот.
„Убаво е да се чуе тоа, но мислам дека ваквите споредби повеќе не се релевантни. Не копирам никого. Луѓето знаат дека јас сум Карлос Алкараз“, изјави Шпанецот.
Алкараз е на двомесечно боледување. Мораше да го предаде својот меч во второто коло во Барселона, а го откажа учеството на турнирите во Мадрид, Рим и Париз.
Постои план да се врати на теренот кон средината на јуни на „Квинс“ во Лондон, како подготовка за неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
