Алкараз: Ќе ми биде тешко…

Карлос Алкараз без премногу драма се пласираше во третото коло на УС Опен.

Шпанецот, по двоиполчасовна борба, во три сета славеше против Лојд Херис од Јужноафриканската република со 6-3, 6-1 и 7-6(4).

„Мислам дека одиграв одличен меч. Очигледно е дека како одминуваше времето тој играше се подобро и подобро, а јас малку паднав во третиот сет. Ми требаше дополнителна енергија за третиот сет. Мислам дека тоа е нормално. На грандслемовите мечевите се подолги. Знам дека ќе ми биде тешко, но ќе се обидам да го задржам и подобрам нивото на игра“ – истакна Алкараз по денешниот дуел.

Се вчитува...