Алкараз лесно против сонародник за финале во Лондон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на АТП турнирот во Лондон.

Вториот рекет на светот беше подобар од сонардоникот Роберто Баутиста Агут во полуфиналето, победувајќи во два сета, со 6-4 и 6-4.

По еден брејк во двата сета беше доволен за Алкараз да стигне до мечот за титулата.

Негов ривал во мечот за титулата ќе биде Јиржи Лехечка. Чехот направи изненадување елиминирајќи го вториот носител Џек Дрејпер, победувајќи со 6-4, 4-6, 7-5.

Лондонскиот турнир се игра за награден фонд од 2.522.220 евра, а титулата ја брани токму Алкараз.

Се вчитува...