Алкараз му посака добредојде на Синер: Се гледаме во финалето…

Карлос Алкараз е меѓу првите тенисери кои јавно му посакаа добредојде на Јаник Синер по одлежаната суспензија на првиот светски рекет по големиот допинг скандал.

Синер ќе може да се врати на Мастерс-турнирот во Рим, исто како и Алкараз, кој го пропушти претходниот турнир поради повреда на мускулот.

„Искрено, мило ми е што Јаник се врати. Знам дека нема подобро место за него за камбек од Рим. Неговиот камбек е добар за него, добар за мене, добар за целокупниот тенис. Се надевам дека ќе се сретнеме во финалето“, прокоментира шпанскиот тенисер.

Се вчитува...