Алкараз: Не знам зошто плачев, па речиси да го победив еден од најдобрите на сите времиња

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека било исклучително тешко да се игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ славеше во спектакуларен меч по три сета, 7-5, 6-7 и 6-7, освојувајќи го на тој начин својот трет трофеј на овој Мастерс.

„Уморен сум, но горд на себе. Не знам зошто плачев на крај, затоа што се борев до последната топка. Речиси да го победив еден од најдобрите на сите времиња во тенсот. Затоа, не знам зошто плачев. Лудо е да се зборува за тоа, но многу сум задоволен од тоа што го направив. Разговарав со мојот тим, и навистина сме горди“ – рече Алкараз, и дополни:

„Беше навистина тешко да се игра против Новак. Секогаш погодуваше добри пет, шест, седум топки во секој поен. Борба, трк, се обидував да бидат тука, да останам физички јак, но беше тешко. Одлично е тоа што потсетувам на Рафа, бидејќи тоа значи дека сме на добар пат. Работам добро, но денеска беше тешко да се носам со Новак. Убаво е кога ќе се слушне од еден Ѓоковиќ дека против мене некои мечеви му биле најтешките кои ги одиграл во историјата, а знаеме какви култни мечеви има зад себе. Тоа значи дека со мојот тим завршуваме одлична работа“.

Се вчитува...