Алкараз: Нема никаква нова ера, Рафа и Ноле се уште се тука

Шампионот на Вимблдон, Карлос Алкараз истакна дека неговата победа на терените на „Ол Ингланд“ клубот во финалето против Новак Ѓоковиќ не значи почеток на нова ера во светот на тенисот.

Најдобриот светски играч вели дека српскиот ас и Рафаел Надал не смеат да бидат отпишани.

„Зборуваме за луѓе кои доминираат речиси 20 години. Се додека играат, ќе бидат фаворити. Па, Новак годинава ги освои Австралија опен и Ролан Гарос и играше во финалето на Вимблдон. Ова се нереални резултати“, изјави Алкараз.

Се вчитува...