Карлос Алкараз не го криеше задоволството откако славеше над Сафиулин од Русија и се пласираше во второто коло од УС Опен. Шпанскиот ас вообичаено ја имаше фаворитската улога, но стравувањата на неговите фанови пред мечот се однесуваа на четиримесечната пауза поради која никој не знаеше во каква форма се наоѓа бранителот на трофејот во Њујорк.
Шпанецот сепак одговори на предизвикот, беше фокусиран во клучните моменти и со идентични 6-4 триумфираше во трите сетови.
„Ми недостигаш се во врска со тенисот, натпреварувањето, луѓето околу мене, публиката… Сега се вратив и среќен сум. Знам дека имаше сомнежи , но тенисот е како возење велосипед, не се заборава така лесно.. Дојдов овде да уживам, без одредени очекувања, но сега кога сум секако дека сакам да победам секогаш кога ќе излезам на теренот. Она што ми е најважно, не чувствував никаква болка додека играв, физички се чувствував одлично“, истакна Алкараз по премиерната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
