Алкараз: Пораз кој многу ме боли

Карлос Алкараз не ја одбрни титулата на Индијан Велс. Шпанскиот тенисер претрпе пораз во полуфиналето од Џек Дрејпер па со тоа и испушти шанса да се доближи до Александар Зверев и Јаник Синер на АТП листата.

Алкараз не го криеше разочарувањето од поразот и прикажаното на теренот.

„Навистина ме боли овој пораз. Никој не сака да губи мечеви, но оваа беше многу значаен за мене. Бев нервозен цел ден. Можев многу подобро. Едноставно подобро требаше да ги контролирам нервите и да го играм мојот тенис. Таа беше разликата. Сакав трета титула, но не можам постојано да победувам“, изјави Алкараз.

Се вчитува...