Еден од најдобрите тенисери на денешницата Карлос Алкараз стигна до своето прво финале сезонава откако вечерва во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 славеше над Хуберт Хуркач од Полска.
Шпанецот беше подобар од својот противник со 2-1, по сетови 6-4, 6-7 и 6-3.
Во финалето Алкараз за противник ќе го има Алекс де Минор од Австралија кој во првото полуфинале со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2 славеше над Италијанецот, Матео Белучи кој претходно од турнирот ги елиминираше Данил Медведев и Стефанос Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА