Алкараз преку Музети до финале во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на последниот мастерс 1000 турнир на земјена подлога сезонава кој се игра во Рим.

Во полуфиналето во италијанскиот главен град, Шпанецот беше подобар од домашниот тенисер Лоренцо Музети со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во финалето тој го чека подобриот од дуелот меѓу првиот тенисер во светот, Јаник Синер и Американецот, Томи Пол.

Се вчитува...