Алкараз преку Руд до полуфинале во Пекинг

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од 500 серијата во кинескиот Пекинг.

Алкараз во четвртфиналето беше подобар од норвешкиот тенисер Каспер Руд со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

Во полуфиналето Алкараз го очекува подобриот од дуелот меѓу Григор Димитров и Јаник Синер. Првиот полуфинален пар го сочинуваат Александер Зверев и Данил Медведев.

Се вчитува...