Алкараз прв си обезбеди место на завршниот АТП турнир

Првиот рекет на светот, Карлос Алкараз прв обезбеди пласман на завршниот Мастерс во Торино на кој учествуваат осумте најдобри тенисери во календарската година.

Шпанецот моментално има 6.675 бодови, 735 повеќе од Ѓоковиќ, кој истот така и теоретски наскоро би требало да обезбеди место во Торино.

Алкараз годинава освои шест титули. Има 47 победи и само четири порази и само на еден турнир е елиминиран пред полуфиналето.

„Драго ми е што обезбедив пласман на завршниот Мастерс. Тоа беше мојата цел на почетокот на оваа година“, изјави шампионот на Вимблдон.

Се вчитува...