Алкараз разочаран: Овој пораз ќе го паметам, си одам со чувство дека не сум на нивото на Ѓоковиќ

Карлос Алкараз не го криеше разочарувањето по синоќешниот пораз од Новак Ѓоковиќ, најубедлив во нивните меѓусебни пресметки откако Србинот лесно и доминантно стигна до 6-3, 6-2 за пласман во големото финале од завршниот АТП турнир во Торино.

Шпанскиот тенисер ја призна немоќта на теренот, најавувајќи дека е подготвен да извлече многу поуки за да се прикаже во подобро светло во иднина.

„Искрено, многу сум разочаран, си одам дома со чувсство дека не сум на нивото на Ѓоковиќ кога се игра во сала. Си одам повреден од тоа чувство, но среќен бидејќи можам многу да напредувам. Очигледно морам многу да тренирам, да бидам подобар во вакви услови. Ѓоковиќ е многу поискусен од мене, одлично ги враќаше топчињата и ме исцрпуваше до крајни напори при секој поен. План Б беше само да враќам и да чекам негова грешка, но против играч како Новак тоа е ненормално. Годинава одигравме многу интересни дуели, но јас ќе ги заборавам Вимблдон и Синсинати. Овој пораз денеска, тоа е она што ќе го паметам, за да знам дека ме чека уште многу работа за да го стигнам неговото ниво“, изјави Алкараз.

Се вчитува...