Алкараз: Сакам да го престигнам Новак

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз истакна денеска во Пекинг пред стартот на АТП турнирот во Кина дека негова главна цел ќе биде да се врати на првото место на АТП листата.

Алкараз во моментов се наоѓа на второто место на АТП листата со 3.260 бода помалку од првопласираниот Новак Ѓоковиќ.

„Голема е борбата за првото место, посебно по одлиниот настап кој Новак го имаше на американската турнеа. Сега носам огромна мотивација да се вратам на врвот. Тоа е нешто кое секогаш го планирам кога тренирам и се натпреварувам. Затоа што морам да имам цел пред мене. Без цел тешко е да стигнеш до посакуваните победи. А првата позиција е главната моја цел“ – вели Алкараз.

Се вчитува...