Алкараз се мачеше но обезбеди четвртфинале во Лондон

Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Лондон, и покрај проблемите со кои се соочи во осминафиналната пресметка против сонародникот Мунар.

Алкараз, кој е прв носител на турнирот, славеше дури во три сета против 59-от светски тенисер.

Успеа да го добие првиот сет со 6-4, но потоа Мунар врати во вториот добивајќи го во тај-брејкот со 6-7 (7). Во третиот сет Алкараз славеше со 7-5.

Се вчитува...