Алкараз се мачеше само еден сет со 177-от светски тенисер, и Медведев во следното коло

Карлос Алкараз без премногу драма се пласираше во третото коло на УС Опен.

Шпанецот, по двоиполчасовна борба, во три сета славеше против Лојд Херис од Јужноафриканската република со 6-3, 6-1 и 7-6(4).

Како што покажува и резултатот, 177-от играч во светот го намачи 20-годишниот шпански „вундеркинд“ само во третиот сет.

Во следната рунда натпревари се пласираше и Данил Медведев кој во четири сета го совлада Австралиецот Кристофер О’Конел со 6-2, 6-2, 6-7(6) и 6-2.

Се вчитува...