Алкараз се мачеше со Еванс за осминафинале во Шангај

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по тешка борба успеа некако да се пласира во осминафиналето на АТП Мастерсот во Шангај, Кина.

Алкараз по исклучително напорна битка го совлада Даниел Еванс од Велика Британија во два сета.

Во првиот сет Шпанецот имаше негатива и од 1-3 во гемови, со загубен гем на свој сервис, но успеа да се врати и во тај-брејкот со 7-6(1) да го добие сетот. Во вториот сет, исто така по напорна борба, во која Еванс повторно дојде до брејк за водство од 1-2 во гемови, но повторно Алкараз успешно се врати за сепак да дојде до 6-4 во вториот сет за конечна победа.

Се вчитува...