Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека Јаник Синер не треба да се грижи за поразот во раната фаза на турнирот во Хале.
Синер беше „срушен“ од Александар Бублик во Хале, а Алкараз беше прашан дали Синер треба да биде загрижен за сето ова.
„Искрено, не. Минатата година загубив во второто коло, а потоа се снајдов добро на Вимблдон. Само затоа што бевте добри на претходниот турнир не значи дека подоцна ќе се снајдете подобро или полошо. Секогаш мора да бидете позитивни. Тој ќе има време да се одмори, да тренира, добро да се подготви за Вимблдон“ – рече Алкараз и додаде:
„Во мојот случај, колку повеќе натпревари играм, толку повеќе се чувствувам сигурно. Ќе имам повеќе повратни информации за Вимблдон, за тоа што треба да подобрам.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА