Алкараз според планот: Без мака преку Зверев до полуфиналето на УС Опен

Карлос Алкараз ја продолжува одбраната на трофејот на УС Опен откако шпанскиот тенисер без многу проблеми славеше со 3-0 во сетови во четвртфиналната пресметка против Александар Зверев.

Шпанецот имаше мали проблеми само на стартот, но откако спаси две брејк топки на сопствен сервис ја искористи шансата што му се укажа и го доби првиот сет со 6-3. Во вториот славеше со уште поубедливи 6-2, со што го скрши отпорот на Зверев, па во третиот триумфираше рутински со 6-4.

Со ова продолжува извонредната низа настапи на младиот Шпанец на УС Опен, ако се знае дека Алкараз има одиграно 17 меча на овој гранслем турнир, при што триумфирал на 16, единствениот пораз му е оној од Оже Алијасим во четвртфиналето пред две години.

Вистинските предизвици сепак допрва следат, ако се знае дека во полуфиналето го очекува дуел со екс-првакот на УС Опен, Данил Медведев, а потоа во големото финале и потенцијална пресметка со Новак Ѓоковиќ, ако Србинот во својот полуфинален меч ја оправда фаворитската улога против Американецот Шелдон.

Се вчитува...