Карлос Алкараз ја мина и втората пречка на Ролан Гарос, славејќи со 3-1 во сетови над Јапонецот Даниел продолжувајќи го атакот на првиот трофеј на францускиот гранслем турнир. Првиот носител рутински ја мина првата пречка, но потоа неочекувано го загуби вториот сет со 4-6. Алкараз се разбуди и одговори со брзо водство од 4-0 во третиот сет, што Шпанецот лесно го доби со 6-2. Четвртиот сет почна со израмнети 2-2, по што следеа нови четири гејма во низа за фаворитот, за конечна победа од 3-1 во сетови.
Негов следен противник во Париз ќе биде канадскиот тенисер Шаповалов, кој денеска славеше над Италијанецот Арналди со 3-1 во сетови.
Рутинска победа во денешниот натпреварувачки ден забележа Циципас, од 3-0 над Шпанецот Баена, како и Хачанов, кој со максимални 3-0 во сетови беше подобар од Албот. Најнеизвесно беше на маратонскиот дуел меѓу Кокинакис и Вавринка, на кој австралискиот тенисер ја доби битката со швајцарскиот ветеран со 3-2 во сетови.
На женскиот дел од турнирот, втората носителка Сабаленка славеше над сонародничката Шиманович со 7-5, 6-2. Свитолина загуби сет, но сепак триумфираше со 2-1 над Хантер од Австралија, додека настапот неочекувано рано го заврши Остапенко, која загуби со 1-2 од Американката Стернс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА