Не само тенисерките се соочуваат со навреди на социјалните мрежи. Очигледно и машкиот дел од тениската елита не е поштеден. Карлос Алкараз отворено зборуваше за ова по својата прва победа на турнирот во Квинс.
Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, откри дека постојано добива навреди на социјалните мрежи, и тоа најбрутални.
„Некои се многу одвратни. Не сакам да кажам што точно пишува во нив, но се сериозни и понекогаш можат да ве исплашат. Јасно е дека кога губите, добивате повеќе од нив. Има добри, но повеќето се лоши. Не сакам да размислувам за нив. Затоа кога губам, не ги гледам социјалните мрежи, бидејќи знам дека ќе ги има, особено ако сум елиминиран во првото коло или сум поразен, а не треба. Не ги читам тогаш бидејќи ме засегаат. Понекогаш е тешко да се справите со нив.“
Шпанецот објасни како се справува со притисокот и негативните коментари.
„Научив дека кога не ми оди добро, едноставно не читам ништо. Видов дека и многу мои колеги ги добиваат. За жал, мора да живееме со нив. Како професионални спортисти, мора да се справиме со тоа. Затоа мојот совет е да не читате по социјалните мрежи кога не ви оди добро, бидејќи понекогаш луѓето се многу опасни“, изјави Алкараз за шпанската агенција Ефе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА