Алкасер доаѓа во Валенсија како замена за Родриго

Пако Алкасер ќе ја засили Валенсија во следните 48 часа, откако „лилјаците“ го договорија овој голгетер како замена за Родриго, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона

Валенсија веќе одби 40 милиони евра од каталонскиот гигант, но Барса испрати нова понуда по која Родриго веќе не се појави на тренинзите на тимот. Дел од медиумите тврдат дека тој веќе се наоѓа во Барселона и чека зелено светло од Валенсија за да ги мине лекарските прегледи во новиот клуб, со што трансферот би бил комплетиран веќе во текот на утрешниот ден.

Валенсија се надева на сума од 60 милиони евра од продажбата на Родриго, по што половина би биле потрошени за враќање на Пако Алкасер на „Месталја“. Шпанецот имаше неколку конфликти со тренерот Фавр, а кога Борусија зимава го донесе и Халанд, стана јасно дека тој ќе треба да си ги спакува куферите. Во игра беа уште неколку шпански тимови, но Алкасер на крајот ја прифати понудата на клубот чии бои ги бранеше од 2010 до 2016 година.

Се вчитува...