Алмерија блиску до потписот на Барди, трансферот ќе чини 6 милиони евра

Новиот член на Ла Лига, тимот на Алмерија е многу блиску да го заврши трансферот на Енис Барди. Според шпанските медиуми, преговорите се во завршна фаза, а целиот трансфер би требало да чини околу 6 милиони евра. Се очекува Барди да потпише на една година, со тоа што автоматски ќе биде продолжен на уште една доколку Алмерија обезбеди опстанок во Ла Лига.

Алмерија уште пред репрезентативните настапи тргна во „лов“ на македонскиот интернационалец, и сега е блиску да го обезбеди неговиот потпис. Барди треба да биде силен адут за новиот прволигаш во новата сезона во Шпанија.

За Барди има интерес и од Турција. Фенербахче се споменуваше како негова следна дестинација, а во последните денови се споменуваше и шампионот Трабзонспор. Исто така имаше интерес и од клубови од Италија, како и од шпанска Селта. Имаше интерес и од клуб од МЛС, но тој ја одби можноста да замине во САД.

Леванте сакаше да го продаде за околу 10 милиони евра, колку што изнесува дупката во касата, но веројатно нема да може за толку, па ќе се задоволи и со помалку. Неговиот договор беше истечен, но Леванте ја активираше автоматската клаузула за продолжување на уште две години.

Се вчитува...