Алмерија ќе има сериозна конкуренција: Селта не се откажува од Барди

Една од целите на тимот на Селта за овој преоден рок е ангажман на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Заинтересираноста трае веќе неколку месеци, а тимот од Виго се чини не се откажува од трката по потписот за играчот од средниот ред на Леванте. Со тоа конкуренцијата на Алмерија за ангажман на Барди се зголемува.

Барди беше поврзуван со Селта пред еден месец, но се чини конкретни преговори нема. Од таборот на „сините“ најавуваат дека нема да се откажат од намерата да го имаат играчот од средниот ред, и дека ќе преговараат за Леванте кој бара околу 10 милиони евра за неговите услуги, со оглед дека автоматски ќе биде продолжен неговиот договор на уште две години.

Леванте се надева дека ќе успее да го продаде Барди за да го анулира минусот во клупската каса, кој настана со кризата со коронавирусот и со испаѓањето на тимот во Сегунда.

Барди е еден од играчите кој ќе биде трансферна мета ова лето и еден од оние кои се очекува да ја смени клупската средина. Пред неколку недели имаше заинтересираност и од Валенсија, но таму работите може да се сменат, затоа што екипата добива нов тренер во името на Џенаро Гатузо, предводник кој во минатото му беше „учител“ на Елиф Елмас во Наполи.

Се вчитува...