Алонсо: Ферстапен стана шампион заради среќата, а не заради квалитетот

Пилотот на Ф1 тимот Алпин, Фернандо Алонсо, даде свој коментар за шампионскиот наслов на Макс Верстапен. Шпанецот истакна дека големата победа е благодарение на среќата, а не заради квалитетот што го има младиот шофер.

Алонсо потенцираше дека безбедносното возило било пресудно за новиот шампион во Ф1.

„Без безбедносното возило, Луис би бил шампион. Макс стана шампион со помош на безбедносното возило, а не поради неговиот квалитет. Ова е чиста среќа, мора искрено да признаете. Но, тој оваа сезона и немаше постојано среќа, а среќата го послужи на крајот. Можеби има некоја правда во ова“, изјавил Алонсо.

Се вчитува...