Алонсо: Макс е фаворит, по долги години конечно работите се закомпликуваа

По неколкугодишната доминација на Мерцедес и Луис Хамилтон, трките во Формула 1 повторно станаа изедначени. Најзаслужни за тоа се тимот на Ред Бул и Макс Фераспен со тоа што Холанѓанецот во моментот има и 18 бода предност во однос на Британецот, а Ред Бул е подобар и во констукторската битка.

На оваа тема говореше и двократниот шампион, Фернандо Алонсо кој изјави дека фаворит му е Ферстапен, но и дека на најбрзото натпреварување му е потребна постојана конкурентност.

„Сметам дека Макс е фаворит во моментот бидејќи е во подобра форма во последно време. Меѓутоа од лично искуство знам дека работите можат многу лесно да се променат. Доволно е само едно откажување или еден лош круг. Претходните години ја гледавме доминацијата на Хамилтон и Мерцедес, а единствен кој можеше да го загрози него беше Ботас. Се беше познато однапред, но сега конечно работите се закомпликуваа“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...