Алонсо: Не постои доволно остра казна за Фетел (ВИДЕО)

Квалификациите за Големата награда на Австрија донесоа и една скандалозна ситуација на патеката каде во главна улога беа Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел. Имено, возачот на Алпина возеше брзински клуб кој му гарантираше добар резултат, но на паткеата му попречи Фетел кој доцнеше во реакцијата и му го попречи патот на Шпанецот.

Фетел се извини веднаш по инцидентот, но останува единствениот кривец за истиот бидејќи не отстапи место на патеката и покрај предупредувањето од својата екипа, а на крајот Алонсо ги заврши квалификациите на 14. место.

„Мислам дека изгубивме можнсот да бидеме петти или шестти на стартот и со тоа да имаме сосема различна трка. Сега мислам дека нема да имаме поени. Каква казна и да му дадат на Фетел тоа нема да биде доволно. Тоа е што е. Многу лошо беше раководена целата ситуација. Преразочаран сум бидејќи имавме голем потенцијал. Ова беше најдобриот болид во квалификациите оваа сезона и не го искористивеме тоа до крај“, изјави Алонсо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Се вчитува...