Алонсо откри дека од Ред Бул му го нуделе местото на Рикиардо

Фернандо Алонсо ги изненади присутните на прес конференцијата пред трката за ГН на Белгија, откривајќи дека Ред Бул два пати му го нуделе местото на Даниел Рикиардо, но тој ги одбил затоа што има други приоритети.

Двојниот светски шампион летово објави дека се повлекува од Формула 1 за следната сезона. Алонсо подоцна беше критикуван од шефот Ред Бул, Кристијан Хорнер дека создава конфликт во тимовите во кои вози. Сепак, Алонсо јавно потврди дека Ред Бул, два пати му понудиле да вози за нив.

„Еден од трите големи тимови во Ф1, ми пратија две понуди оваа година, но јас имав други приоритети. Формула 1 во моментов не ми го нуди предизвикот што ми треба. Открив нови серии и предизвици што ќе ме направат покомплетен возач во 2019 година“ – изјави Алонсо.

На новинарското прашање дали тимот што му испратил понуди е Ред Бул, Алонсо одговори потврдно.

Набрзо по прес конференцијата, портпаролот на Ред Бул за Би-би-си ја негираше изјавата на Алонсо.

Даниел Рикиардо на крајот од сезоната го напуште Ред Бул и се сели во Рено, а на негово место во меѓувреме беше ангажиран младиот француски возач Пјер Гасли.

Се вчитува...