Баер Леверкузен фантастичната сезона во која се уште не знае за пораз ја овековечи со освојување на шампионската титула во Бундеслигата за прв пат во 119 годишната историја на клубот. Титулата избраниците на Чави Алонсо ја осигураа со денешанта преубедлива победа од 5-0 против Вердер Бремен по што следеше и бурно славје на теренот и во соблекувалната.
А, пак шпанскиот стартег кој неодамна го продолжи договорот со „фармацевтите“ не го криеше задоволството од испишаната историја изјавувајќи дека му е чест што е дел од клубот.
„Ова е многу посебен момент за клубот. Да се освои Бундеслигата за прв пат во 120 години е нешто навистина специјално. Овие играчи се фантастични, ние сме фантастичен клуб. Горд сум на секој од нив. Чест ми е што работам тука“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА