Чаби Алонсо: Подобро е да бидеш фудбалер отколку тренер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, легендарниот Чаби Алонсо по крајот на богатата и успешна играчка кариерата заплива во тренерските води каде со успех го предводи Баер Леверкузен. Шпанскиот стратег за 13 месеци поминати во тимот го доведе од опасната зона за релегација до врвот на Бундеслигата и два бода повеќе од второпласираните „баварци“.

Алонсо за разлика од останатите тренери негува друг стил и често е вклучен во тренинзите на тимот од кои на социјалните мрежи се појавија снимки од атрактивни додавања и вештини. А, 41-годишникот не крие ни дека му фали повторно да ги облече копачките.

„Не би требало да го кажам тоа, но да. Подобро е да играш отколку да бидеш тренер“, изјави Чави за германските медиуми.

Тој откри и колку му значи тоа што во играчката кариера имаше можност да соработува со врвни тренери како Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти…

„Охрабрен сум да поставам сопствен критериум на тренот, самостојно да работам и тоа го правам. Фудбалерите не се роботи и не се работи на тоа „Секогаш мора да го правите тоа и тоа и доколку не го правите истото ќе бидете на клупата“, вели Алонсо кој потоа додаде:

„Ми помага тоа што соработував со врвни тренери. Има одредени моменти во кои се прашувам што би направиле тие. И тие искуства многу ми помагаат“.

Алонсо се смета за еден од можните наследници на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, но трофејниот Шпанец прво има желба да ја донесе трофеј на тимот кој во 119-годишна историја има помалку освоени трофеи отколку самиот Алонсо.

Се вчитува...