Алонсо пред кам-бек во Шпанија, Барселона е првата опција

Маркос Алонсо својот фудбалски пат го почна во Реал Мадрид, но постои голема можност тој летово да го напушти Челси и да се пресели во Барселона.

Каталонците бараат засилување на левата бековска позиција, каде со години неприкосновен првотимец е Жорди Алба. Сепак, Чави сака уште една одлична опција на оваа позиција, а Алонсо е на врвот на листата поради неговите офанзивни квалитети и одлична техника.

Шпанецот има договор со Челси до јуни 2023 година, но се очекува летово да побара трансфер. Го носи „синиот“ дрес уште од 2016 година, а претходно беше дел од Фиорентина, Болтон и Сандерленд.

Интересно е тоа што дедото на Алонсо, Маркос Алонсо Имаз своевремено играл во Реал Мадрид осум години, а неговиот татко, Маркос Алонсо Пења играл и за Реал Мадрид и за Барселона, но и за Атлетико Мадрид.

Се вчитува...