Новиот спортски директор на Баерн Минхен, Макс Еберл призна дека сакал да го доведе Чаби Алонсо во Борусија Менхенгладбах, каде што беше како спортски директор долго време.
Тогаш Алонсо бил дел од Реал Сосиседад Б, но ја исклучил можноста да биде тренер на Борусија Менхенгладбах, затоа што не се чувствувал подготвен да води елитен сениорски тим.
„Тогаш ме одби и рече дека е рано. Сепак, ова не значи дека Алонсо ќе дојде сега во Баерн кога сум јас тука. Во моментов не би коментирал имиња за нов тренер на Баерн Минхен“, коментираше Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА