Алонсо за мечот со Ливерпул ќе го врати правилото „Мурињо“

После триумфот во Ел Класико, Чаби Алонсо продолжува да ја следи својата визија и својот стил на игра во Реал Мадрид. Алонсо промени и многу правила на однесување на своите играчи како на теренот, така и надвор од него.

Воведе построги правила, следење на дрон на тренинзите. Многу работи се променија под негово водство, а најновата промена е неочекувана, и се однесува само на натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Досега Реал Мадрид секогаш одржуваше тренинг на местото на одигрување на натпреварот. Но, тоа ќе се промени идниот понеделник, затоа што Чаби Алонсо одлучи „кралевите“ да немаат тренинг на „Енфилд“, односно да се појават само на официјалната прес-конференција.

Така Реал Мадрид кон Ливерпул ќе се упати во 11 часот во понеделник, и на „Енфилд“ ќе отпатува само тренреот, евентуално уште еден играч кои ќе даваат изјави за медиумите. Играчите ќе се појават директно на загревање пред натпреварот.

Ова правило го имаше Жозе Мурињо додека беше дел од Реал Мадрид, кој ретко кога дозволуваше неговиот тим да тренира на теренот каде што ќе се игра натпреварот. Речиси секогаш неговиот тим тренираше во базата, а на терен излегуваше директно на натпреварот.

Се вчитува...