„Алпскиот Клоп“ седнува на клупата на Саутемптон

Раководството на Саутемптон експресно го пронајде наследникот на Марк Хјуз, постигнувајќи договор со Ралф Хасенхутл да седне на клупата на овој англиски премиерлигаш. Станува збор за австриски стратег кој имаше одлични резултати во Бундес-лигата како тренер на Лајпциг. Атрактивната игра на неговиот тим придонесе Хасенхутл да го добие прекарот „Алпскиот Клоп“, поради стичниот стил на оној на поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, сега кормилар на Ливерпул.

Британските медиуми утрово објавија дека сите детали се веќе договорени, па Хасенхутл во текот на денешниот ден ќе потпише тригодишен договор со „светците“, со примарна цел сезонава да биде обезбеден опстанокот во елитното друштво. Во игра за наследник на Хјуз биле уште и Пауло Соуса и Кике Санчез Флорес, но изборот на крајот паднал на 51-годишниот Австриец.

Тој нема да го води тимот на утрешното гостување против Тотенхем, но ќе биде присутен на „Вембли“, а дебито на Хасенхутл на клупата на Саутемптон се очекува претстојниот викенд, на дуелот со екипата на Кардиф.

Се вчитува...