Алушовски: Една работа е клучна против Порто…

Вардар со зголемен оптимизам ќе влезе во наредниот натпревар против Порто, по одличната игра и триумфот што „црвено-црните“ го забележаа пред седум дена против Фленсбург. Тренерот Стевче Алушовски верува дека неговиот тим може да врзе две победи во серија на домашен терен, но најважно од се ќе биде да се најде одговор за нападите „седум на шест“ на португалскиот првак.

„Убаво е чувството кога ќе се победи ривал како што е Фленсбург, со тоа дефинитивно атмосферата се крена на едно повисоко ниво. Сега сме насочени кон Порто, во изминатите денови добро го анализиравме наредниот противник и веруваме дека со добро издание можеме да стигнеме до позитивен резултат. Една работа е клучна – да најдеме одговор за нивната игра „седум на шест“, која е главно оружје на Португалците. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да стигнеме до триумф“, изјави Алушовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто на програмата е утревечер со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...